Известување до граѓаните

Се  известуваат граѓаните на општина Крива Паланка да не вршат палење на сува трева која ја собираат при расчистување на своите имоти. Имено деновиве сме сведоци на зачестени пожари на отворен простор кои се предизвикани од крајно невнимание  на несовесни граѓани со што се опожаруваат големи површини и воедно се причинува голема штета. За ваквите негативни појави  согласно важечките закони во Република Македонија предвидени се големи казни за извршените кривични дела.  

Глобата за предизвикување на пожар  изнесува до 3000 Евра во денарска противвредност. Согласно Законот за земјоделско земјиште, Законот за шумите, Законот за ловство, Законот за заштита и спасување, Законот за отпад, Законот за амбиентален воздух, Законот за заштита на животната средина и природата, Законот за облигационите односи  и многу други закони  и подзаконски акти, предвидени се одредби  дека секој граѓанин  е должен  да се однесува  соодветно во животната средина, да преземе мерки за заштита од пожари на земјоделското земјиште, на шумите на ловиштата, да  ја заштити животната средина и природата, како и да го заштити амбиенталниот воздух од загадување.

Доколку  било кој се однесува спротивно на наведените закони и намерно или од крајно невнимание  предизвика пожар  со што ќе причини штета на физички или правни лица, должен е покрај глобата што ке ја плати во прекршочната постапка, да ја нодомести и предизвиканата штета.

Според добиените информации од територијалната противпожарена единица  во периодот од 18 март па се до денес 27 март имаат примено 18 пожари  и тоа пожари на отворен простор. Опожарена е површина од 31 хектар и тоа 8 хектара  бор, 12 хектара дабова шума и багрем, 5 декара овоштарници и 10 хектара сува трева и трње.

ПОРАДИ  ТОА  СЕ АПЕЛИРА ДО ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА  ДА  НЕ ПАЛАТ  ОГАН НА ОТВОРЕНО, ДА НЕ  ГИ ПАЛАТ СТРНИШТАТА, ДА  НЕ ПАЛАТ ОГАН ВО ШУМИ, ЛОВИШТА И НА ДРУГИТЕ ПОВРШИНИ СО КОЕ БИ СЕ ПРЕДИЗВИКАЛА МАТЕРИЈАЛНА ШТЕТА КАКО И НЕНАДОМЕСТИВА ШТЕТА  НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И ПРИРОДА.

             Градоначалник на Општина Крива Паланка
                              Дип.правник Арсенчо Алексовски