Покана за работилница за креирање на  „Стратегија за  развој на Oпштина Крива Паланка   2021 – 2025“ 

На 10  декември  (вторник) во големата сала на Општина Крива Паланка, со почеток во 11 часот, ќе се одржи првата  работилница од процесот на подготовка – креирање на  „Стратегија за  развој на Oпштина Крива Паланка   2021 – 2025“.

Како транспарентна и одговорна општина, нашатa цел е во подготовка на овој значаен стратешки документ со кој се одредуваат насоките  и приоритетите односно патот по кој ќе се движи општината во следните пет години,   бидат вклучени граѓаните  на општината, сите засегнати страни (јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор) со посебен осврт на родовата интеграција во сите аспекти на процесот.

Процесот ќе го водат надворешни експерти од UN Women организацијата во соработка со општинската администрација  во рамки  на регионалниот проект  „Промоција на родово одговорни политики во Југоисточна Европа“.

Го покануваме  сите заинтересирани граѓани кои имаат можност да ни се приклучат и бидат дел во креирањето на „Стратегија за  развој на Oпштина Крива Паланка   2021 – 2025“ , согласно нивните потреби и приоритети.

 

                                                                   Општина Крива Паланка