Енергетски ефикасна општина – успешна општина

Проектот под наслов „Енергетски ефикасна општина – успешна општина“ ќе се имплементира во периодот февруари 2012 – март 2013 година на подрачјето на Општина Крива Паланка. Главна цел на проектот е намалување на потрошувачката на фосилни горива, а со тоа и намалување на загадувањето на животната средина.

Во таа насока ќе се организираат повеќе работилници за енергетска ефикасност и нејзиното значење, потоа објавување на конкурс за ликовна и поетска творба на тема „Енергетска ефикасност“ каде ќе бидат вклучени учениците од основните училишта од регионот, како и подготовка и дистрибуирање на промотивен материјал, организирање на кампања за енергетска ефикасност и креирање на јавната свест кај младата популација од потребите за штедење на енергетските ресурси.

Проектот е финансиран од Глобалниот Еколошки Фонд, преку Програмата за мали грантови, а ќе се имплементира од Регионалниот центар за одржлив развој од Кратово во соработка со Општина Крива Паланка.

Соопштение за медиумите