Соопштение за граѓаните – Поклонение на Св.Теодор Тирон

Почитувани сограѓани,

По повод претстојниот христијански празник  ,,Св. Теодор Тирон“, Општина Крива Паланка, МЗ с.Конопница и НУ  Центар за Култура во соработка со МПЦ, ја организираат манифестација „Поклонение на Св.Теодор Тирон“.  Манифестацијата ќе се одржи на 04.03.2012 (недела) во дворот на црквата Св.Теодор Тирон во с.Конопница.

Поради поголем публицитет и успешност на манифестацијата, посебно ги охрабруваме сите нововенчани млади невести од регионот и пошироко, помеѓу  „двете Тодорици“,  заедно со своите свекрви да го пријават своето учество на манифестацијата.

Пријавувањето може да го извршите секој работен ден до 02.03.2012г.
Време на пријавување: 08.00 ч. до 16. 00 ч.
Место: Општина Крива Паланка
ул.,,Св.Јоаким Осоговски,, 175,  Крива Паланка
(во просториите на општинскиот услужен центар)
на телефон  031 372 130
на  меил  [email protected]
лице за контакт: Лилјана Стојановска
(за подетални информации обратете се на погоре наведените контакти)

Обичај е  невестите што се омажиле помеѓу двете Тодорици,  да ја облечат својата венчална носија и со своите свекрви да се поклонат пред храмот на светецот за да бидат благословени од свештенослужителите. Побарајте ги носиите од вашите баби и мајки за да ги пренесете и на вашите ќерки и внуки. Тоа претставува дел од автентичното прославување на Тодорица, која е празник на селото Конопница, а светецот Теодор Тирон е заштитник на младите и породот.
Обичајот на поклонување на невестите пред светецот Св. Теодор Тирон  е обновен  по 33 години , а ова е трета година по ред  како се одржува.  Во 50-тите години од минатиот век имало и по стотина невести од целиот крај, кои доаѓале на поклонение.

Општина Крива Паланка
Градоначалник,
Арсенчо Алексовски

 

Големина на фонт
Контраст