Општина Крива Паланка воспоставува Реонска комунално редарска служба

Со цел поефикасно извршување на надзорот во спроведувањето на Законските прописи, нивните соодветни подзаконски акти и општински одлуки од областа на јавната чистота, комуналниот ред, одржувањето и користењето на јавните и сообраќајните површини, заштитата на квалитетот на амбиенталниот воздух, депонирање и собирање на отпадот, спречување на создавање на диви депонии, заштита на комуналната инфраструктура, испуштање на отпадни води, чистење на снег и лед и слично Општината Крива Паланка воспоставува реонско функционирање на  комуналната редарската служба.

Реонската комунално редарска служба континуирано ќе ја следи состојбата на јавните и сообраќајни површини,  уредени и неуредени зелени површини во рамки на одреден реон, ќе изрекува опомени, соодветни мерки и рокови за отстранување на недозволени дејства како и ќе изрекува мандатни казни за несовесните сторители и непочитувачи на изречените мерки.

Согласно бројот на комунални редари со кои располага Општината во рамки на Одделението за инспекциски надзор, градот и приградските населби се поделени на три реони во кои секојдневно ќе патролира по еден униформиран комунален редар, кој ќе биде  препознатлив  од граѓаните. Секој униформиран реонски комунален редар ќе контролира неделно  по пет определени населби со по 15 улици.

Одделението за инспекциски надзор апелира до граѓаните и до правните лица да ги почитуваат укажувањата и изречените опомени за евентуални недозволени дејства издадени од страна од овие службени лица, во спротивно против несовесните лица ќе бидат користени сите мерки согласно на законските прописи.