Резултати од имплементирање на проектот „Спорт за сите“

Во име на локалното партнерство „Спорт за Сите“ кое е креирано во Крива Паланка, а се состои од повеќе спортски организации, младински организации, спортски клубови и спортисти како и претставници од Општина Крива Паланка ви ги претставувам резултатите кои беа постигнати со имплементирање на еден ваков проект:

  1. Поддржан традиционалниот првомајски крос со забава и дополнителни реквизити за над 200 учесници. 
  2. Обучени 13 ментори во склоп на партнерството за спорт за развој и спорт за социјална инклузија. Понатаму истите можат да делуваат и да обучуваат други тренери на локално и национално ниво. Оваа група на тренери продолжува да обучува и следната година во рамките на проектот. 
  3. Формирана мрежа од 16 млади лидери кои беа обучени за спорт за развој и спорт за социјална инклузија од страна на менторите. Истите подоцна со помош на своите метори спроведоа и сопствени работилници во нивните училишта. Се очекува малдите лидери понатаму да добијат дополнителен ангажман со поддршката од нивните училишта. 
  4. Разубавени три игралишта 

– Боро Менков надворешното игралиште, каде беа поставени нови кошеви, мали голчиња, нови лулашки, ограда и разубавување на самиот ѕид на игралиштето со спортски графити;

– Боро Менков мала сала, каде беа поставени голем број на фитнес справи и спортски реквизити адекватни за возраста на децата кои престојуваат во интернатот.

– Игралиште во населба „Единство“, каде беа поставени два нови коша, изработени две мали голчиња и надворешни фитнес форми.

  1. Донација на спортска опрема ( пилатес топки, статичен точак, спортски реквизити) во дневниот центар за лица со попреченост. Како и проширување на локалното партнерство со вклучување на центарот. Дополнителна спортска опрема за спорт за развој беше донирана и во салата Бранители 2001. 
  2. Донација на комплет тренерки за 30 децата од Боро Менков и децата од руралните средини поточно од с. Мождивњак и с. Конопница. 
  3. Донација на комплет тренерки за 16 млади лидери.
  4. Донација на спорт за развој спортски реквизити во пет училишта, од кои гимназијата „Ѓорче Петров” во Крива Паланка, основното училиште „Илинден“ и основното училиште „Јоаким Крчовски“ во нивните централни и подрачни училишта.
  5. Изгласана е Стратегија за млади во општина Крива Паланка во која се внесени активности за спорт за развој и спорт за социјална инклузија во стратегијата за спорт на Крива Паланка.
  6. Снимени три видеа од кои две ретроспективни каде се претставуваат активностите, целите и резултатите од проектот и едно видео за спорт за развој каде е претставена важноста и бенефициите од социјалната инклузија преку спорт.
  7. Отворен спортски ден каде над 1000 млади можеа да ги видат сите спортски можности кои ги нуди општина Крива Паланка.
  8. Опремена општинска канцеларија за спорт за развој со нов лап топ, принтер и канцелариски материјали за работа на локалниот координатор во рамки на проектот.
  9. Поврзување на Крива Паланка на регионално ниво со сите партнери од Балканот ( Босна, Србија, Косово, Албанија )

Се ова се постигна како резултат на добрата соработка и одличната посветеност на сите луѓе во рамките на партнерството, со особена поддршка на Градоначалникот на Крива Паланка и Општината. Успехот и резултатите од овој проект особено присонесоа општина Крива Паланка да биде изберена повторно од ГИЗ како партнер општина и за следна година во рамките на програмата за спорт за развој и спорт за социјална инклузија. 

 

Проектен координатор
Магдалена Спасовска