Соопштение за граѓаните – наплата на заостанат даночен долг

Одделението за финансирање, буџет и администрирање со даноци при Општина Крива Паланка овие денови интензивно работи на наплатата на даночните долгови за 2011 година. Даночните обврзници се замолуват да си го подмират даночниот долг, во спротивно ќе се  соочат со присилна наплата на истиот.

Превзаемени се активности околу  присилна наплата на данокот на имот и комуналната такса. Во тек е доставување на  360 опомени  за ненаплатена комунална такса за истакната фирма на физички и правни лица.

Доколку ја примите опомената за доспеаниот даночен долг, Ве молиме во рок од 8 дена од приемот, да го подмирите за да ги избегнете трошоците за  камата и трошоците за присилната наплата.

Големина на фонт
Контраст