ЈАВНА ОБЈАВА за поставување на тезга или продажен штанд

По повод престојните празници во месец aвгуст 2019 и планираните настани на градскиот плоштад и градскиот парк во центарот на градот Крива Паланка ги известуваме сите заинтересирани физички лица и правни субјекти кои имаат потреба за поставување на тезга или продажен штанд на претходно именуваниот локалитет можат да поднесат барање до општината за одобрување според дефинирани локации на тезги од страна на општината за период од 20.08.2019 до 01.09.2019 година.

Сите заинтересирани баратели потребно е да поднесат барање до Одделение за урбанизам, сообраќај и заштита на животна средина при Општина Крива Паланка каде ќе биде одреден временскиот период и површината за поставување со претходна платена администартивна такса, комунална такса и такса за закуп на простор.

 Одредување на површината по барател ќе биде на принцип прв дојден прв услужен.

                                                            
Одделение за урбанизам, сообраќај
  
и заштита на животна средина