Мониторинг на концентрациите на суспендирани цврсти честички во Крива Паланка

Со цел да се анализира квалитетот на амбиентниот воздух од аспект на концентрација на суспендирани цврсти честички во урбаната зона на Крива Паланка, како и елементарниот состав на аеро-солите, а во директна соработка со МЖСПП и Локалната самоуправа, од страна на ISO 17025 акредитираната лабораторија АМБИКОН УГД, беше извршен краткотраен индикативен мониторинг на една локација во централниот дел на градот. Согласно условите на локацијата и планираните цели, во периодот од 28.06 до 03.07.2019 на простор пред згрдата на Локалната самоуправа, беше поставен секвенцијален семплер за гравиметриско земање на примероци, а со цел со референтни методи да се анализираат концентрациите и хемискиот (елементарен состав) на суспендираните честички во амбиентниот воздух.

Измерените концентрации на суспендирани цврсти честички ниту еднаш во текот на мерењата не ги надминаа просечните 24 часовни вредности пропишани со заштита на човековото здравје, а со оглед на сушниот временски период можат да се оценат како релативно ниски. Во хемискиот состав на суспендираните честички доминираат литогени елементи и во основа го одразуваат геолошкиот состав на подрачјето на генерирање. Содржината на тешки метали е минимална и под препорачаните гранични вредности (за металите за кои има препораки).

 

 Резултати од мониторинг на концентрациите на суспендирани цврсти честички во Крива Паланка