Општина Крива Паланка овозможи нов канал за комуникација– Live chat

Следејќи ја својата заложба за отворена и достапна општина, Општина Крива Паланка им овозможува на граѓаните нов канал за комуникација– Live chat и тоа преку официјалната веб страна www.krivapalanka.gov.mk.

Преку овој интерактивен канал за комуникација граѓаните може во секое време да ги добијат информациите кои им се потребни, и да добијат одговор на прашањата кои ги имаат, а се во надлежност на Општината.

Корисниците при посета на веб страната имаат опција да започнат разговор и тоа со кликање на прозорче во долниот десен агол. Со внесување на своето име и е-маил адреса, веднаш стапуваат во контакт со Општината, и можат да го постават своето прашање или да побараат помош.

Напомена: За проблеми од комунален карактер може и понатаму да се користи рубриката Пријави проблем до сите служби во општината.