Покана за свечена академија во чест на Свети Кирил и Методиј

Општина Крива Паланка Ве поканува на свечена академија во чест на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј. Академијата ќе се одржи на 23 мај во НУ Центар за култура, со почеток во 19.00 часот. 

На академијата ќе бидат прогласени најуспешните просветни работници во одделенска и предметна настава на територијата на општина Крива Паланка за учебната 2018/2019 година и доделени признанија на прогласените ученици на генерација во основните училишта „Јоаким Крчовски“ и „Илинден“ и  во средното училиште „Ѓорче Петров“.

Посетителите ќе можат да ја видат изложбата „По трагите на Св.Кирил и Методиј“ која ќе биде отворена во 18.30 часот од амбасадорот на Словачка во РС Македонија, Н.Е. Хенрик Маркуш.