Известување за граѓаните

Почитувани граѓани,

Во местото Голеш, на тромеѓето помеѓу Р. Македонија, Р. Бугарија и Р. Србија, на 12.07.2011 год. (вторник), на  големиот христијански празник „Петровден“, посветен на светите апостоли Петар и Павле,  ќе се одржи осмата по ред традиционална меѓугранична  средба  КРАИШТЕ 2011“. Манифестацијата е во организација на Општина Крива Паланка, Општина Босилиград и Општина Ќустендил.  

Границата ќе биде отворена  од 8 до 18 часот, период во кој  граѓаните ќе можат слободно да се движат само со важечки документ за лична идентификација, лична карта.

Воедно ја користиме приликата  да на сите граѓани од христијанска православна вероисповед им го честитаме празникот „ПЕТРОВДЕН“.

 

Општина Крива Паланка

Градоначалник

Арсенчо Алексовски