Дневен ред на 29-та седница на Совет

Врз основа на член 35 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр. 5/08), претседателот на Советот на Општина Крива Паланка  свикува   29-та седница на Советот на Општина Крива Паланка за 20.06.2011 година (понеделник) во 14 часот.

Седницата ќе се одржи со следниот

Д н е в е н   р е д:

Усвојување на Записник од 27 –та и 28-та- та седница на Советот.

1. Предлог – Одлука за проширување на средствата  на  Буџетот на Општина Крива Паланка за 2011 година;

2. Предлог  – Одлука за пренамена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Крива Паланка за 2011 година;

3. Предлог – Извештај за зимско одржување на локалната патна мрежа во Општина Крива Паланка за 2010-2011 година;

4. Предлог – Одлука за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови и локална урбанистичка планска документација за општината Крива Паланка за 2011 година;

5. Предлог – Одлука за утврдување на Нацрт-планот за измена на ГУП за урбан модул „од касарна до магацин на Тигар“ во Крива Паланка;

6. Предлог – Одлука за утврдување на Нацрт – план за измена и дополна на урбанистички план блок „1“ за стопански комплекс „Кркља“ во КО Кркља Општина Крива Паланка;

7. Предлог –  Одлука за усвојување на  Извештај за работа на ЈП „Комуналец“за 2011  година;

8. Предлог – Одлука за  усвојување на  Програмата за работа на ЈП „Комуналец“за 2011  година;

9. Предлог – Одлука за набавка на градежни машини за потребите на ЈП „Калин Камен“ – Крива Паланка;

10. Предлог – Одлука за примање на донација на возило за собирање на отпад;

11. Предлог – Одлука за купување на градежно земјиште за потребите на Општина Крива Паланка;

12. Предлог – Одлука за давање согласност за купување на земјиште  на ЈП „Комуналец“Крива Паланка;

13. Предлог – Одлука за пренесување на право на користење на недвижен имот;

14. Предлог – Одлука за збратимување на Општина Крива Паланка – Република Македонија со Општина Самбревил– Кралство  Белгија;


СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Претседател,

Милка Митовска, с.р.