Објавен е огласот за вклучување во Програмата за општинско – корисна работа

Општина Крива Паланка оваа година по трет пат ќе учествува во Програмата за  општинско корисна работа во проектот под наслов „Цело е кога има се“.

Проектот е подржан и финансиран  од страна на Организацијата за развој на  Обединетите нации – УНДП,  Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување на РМ и  Локалната самоуправа на Општина Крива Паланка.

Проектот „Цело е кога има се“, во својата програма во предвидените активности опфаќа  во учебната 2018/2019 во редовниот процес на образование да вклучи 7 образовни асистенти за помош при наставата на деца со посебни потреби за кои родителите и директорите на училиштата уредно ги доставија потребните документи и согласности. Во рамки на проектот ќе биде ангажиран  и дефектолог во Дневниот центар за лицата со интелектуална попреченост и едно лице  физиотерапевт- масер за стари и изнемоштени лица кои имаат потреба од релаксирачка масажа.

Вкупно ќе бидат ангажирани 9 лица кои се невработени, а се евидентирани во Агенцијата за вработување на Република Македонија, на скратено работно време од 4 часа дневно, а во времетраење од 6 до 9 месеци.

Јавниот оглас може да го најдете на следниот ЛИНК.