Известување за градежни активности на улица „8-ми Октомври“

Почитувани граѓани,

Општина Крива Паланка во наредниве денови ќе реализира активности за санација и тековно одржување на дел од улицата ,,8-ми Октомври“ на потегот од приклучок со главна улица  „Свети Јоаким Осоговски“ до т.н. „Маневски Мост“.

Со работите се предвидува и поставување на комплетно нов асфалтен слој на гореспоменатата делница, делумна поправка на тротоари, како и уредување на дел од јавни површини непосредно до улицата. Поради тоа можно е во одредени периоди да доаѓа до делумно ограничување и прекини на сообраќајот.

За таа цел потребно е да се изврши одстранување на хаварисани и паркирани возила како и други материјали  непосредно до коловозот заради полесно одвивање на сообраќајот, како и да се овозможи  предвидените работи да се изведуваат непречено.

Се молат граѓаните да возат крајно внимателно и да имаат разбирање за отежнатите услови за движење во текот на изведување на работите.