Известување за граѓаните – КРАИШТЕ 2018

Почитувани граѓани,

Во местото Голеш, село Голема Црцорија, на тромеѓето помеѓу Р.Македонија, Р. Србија  и Р.Бугарија, на 12.07.2018 (четврток) на големиот христијански празник Петровден ќе се одржи трилатералната традиционална меѓународна средба „КРАИШТЕ 2018“. Манифестацијата е во организација на општините Крива Паланка, Босилиград и Ќустендил.

За таа цел, државната граница ќе биде отворена кај граничен камен 32/37 (место викано- Краиште) во с.Голема Црцорија, во време од 7 до 19 часот.

Граѓаните државната граница може да ја преминуваат со важечки лични карти или патни исправи.

Општина Крива Паланка