Дневен ред на 28-та седница на Совет

Врз основа на член 35 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр. 5/08), претседателот на Советот на Општина Крива Паланка  свикува   28-та седница на Советот на Општина Крива Паланка за 15.04.2011 година (петок) во 14 часот. Седницата ќе се одржи со следниот

 Д н е в е н   р е д:

 Усвојување на Записник од 27-та седница на Советот.

1.  Обраќање на Градоначалник;

2. Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Крива Паланка за 2011 година;

3. Предлог – Одлука за проширување на средствата во Буџетот на Општина Крива Паланка за 2011 година;

4. Предлог – Одлука за усвојување на Планот за создавање на технички и организациони мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци:

5. Предлог – Одлука за усвојување на Правилникот за технички и организациони мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци;

6. Предлог – Одлука за усвојување на Правилникот за определување на обврските и одговорностите на корисниците при користење на документите и информатичко-комуникациската опрема:

7. Предлог – Одлука за усвојување Правилник за пријавување, реакција и санирање на инциденти;

8. Предлог – Одлука за усвојување на Правилник за начинот на правење на сигурносна копија, архивирање и чување како и за повторно враќање на зачуваните лични податоци:

9. Предлог – Одлука за усвојување на Правилник за уништување на документите како и за начинот на уништување, бришење и чистење на медиуми;

10. Предлог  – Одлука за усвојување на упатство за начинот на водење евиденција за лица овластени за вршење на обработка на личните податоци и за пренесување на медиуми надвор од работните простории на Општина Крива Паланка;

11. Предлог – Одлука за усвојување на упатство за начинот на водење евиденција за лица овластени за вршење на обработка на личните податоци;

12. Предлог – Одлука  за усвојување на Упатството за начинот за водење евиденција за личните податоци кои се дадени на користење

13. Предлог – Одлука за давање согласност за учество во Програмата, „Форуми во заедницата“ и финансиско учество на Општина Крива Паланка;

14. Предлог – Одлука за започнување на јавно приватно партнерство;

15. Предлог – Одлука за давање на согласност за имплементација  на проект „Туризам без граници“;

16. Предлог – Одлука за усвојување на Програма за работа на Советот на Општина Крива Паланка за 2011 година;

17. Предлог – Одлука за усвојување на Елаборат за измена и дополнување на Елаборат за режимот на сообраќај во поширокото централно подрачје на град Крива Паланка;

18. Предлог – Одлука за усвојување на Основен сообраќаен проект за поставување на три (3) технички средства за забавување на сообраќајот на локалитет кај спортско рекреативниот центар во Крива Паланка;

19. Предлог – Одлука за измена и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште во Општина Крива Паланка за 2011 година;

20. Предлог – Одлука за утврдување потреба од изработка на локална урбанистичка планска документација за к.п.бр. 210 КО Варовиште – Крива Паланка;

21. Предлог – Одлука за усвојување  Програма за третиот меѓународен театарски фестивал „Св.Јоаким Осоговски“- 2011  година;

22. Предлог – Одлука за усвојување на Акционен план за реализација на Програмата за социјална заштита за 2011 година;

23. Предлог – Одлука за усвојување на Програмата за социјална заштита на Општина Крива Паланка за 2011 година;

24. Предлог – Мислење за изведување на ученички екскурзии за учениците од основното образование;

25. Информација од ПС ОН Крива Паланка за безбедносната состојба во областа на јавната безбедност во второто полугодие од 2010 година;

26. Предлог – Одлука за усвојување на Извештај по Програмата за изградба, реконструкција и одржување на локална водоводна мрежа за 2010 година;

27.  Советнички прашања.

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Претседател,
Милка Митовска