Известување за зимско одржување на јавните површини

Согласно член 22 од Законот за јавна чистота, Одделението за инспекциски надзор при Општина Крива Паланка ги известува сопствениците на деловни објекти, сопствениците на колективни и индивидуални станбени објекти и одговорните лица на институциите дека се должни да го чистат снегот и ледот од простор пред своите објекти.

Поради најавените ниски температури и можна појава на голомразаица во наредните денови ако не се исчисти снегот и ледот навреме од просторот пред објектите истиот ќе го отежне движењето на граѓаните во извршувањето на секојдневните обврски.

Неисчистениот снег и лед може да предизвика и сериозни последици по животот на граѓаните.

Се известуваат сите сопственици на објекти, одговорни лица на објекти и закупци на објекти  дека снегот и ледот треба да  се собира на купови над ивичњаците кои ги ограничуваат тротоарите од коловозната површина.

Забрането е фрлање на снегот на коловозните површини.

Забрането е испуштање на води на јавните и сообраќајни површини.

Инспекциско-редарската служба ќе ги интензивира контролните активности и секаде каде ќе констатира  неспроведување на обврските ќе изрекува усна опомена.

Меѓутоа ако не се испочитува опомената односно не се спроведе законската обврска  против непочитувачите ќе бидат превземени предвидените соодветни законски мерки.

Паралелно со овие активности издадена е наредба на Јавното комунално претпријатие Комуналец веднаш да спроведе чистење на снегот и ледот од одредени тротоарски површини, пристапни скали, тротоарски површини на мостови и пешачки патеки односно на површини каде нема кој да го чисти снегот.

Веруваме дека овој наш апел, кој е од заеднички интерес, граѓаните сериозно ќе го прифатат и спроведат.

                                                                                         Општина Крива Паланка