Дневен ред на 26-та седница на Совет

Врз основа на член 35 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр. 5/08), претседателот на Советот на Општина Крива Паланка  свикува   26-та седница на Советот на Општина Крива Паланка за 25.02.2011 година (петок) во 14 часот.

Седницата ќе се одржи со следниот

Д н е в е н   р е д:

Усвојување на Записник од 22-та 24-та седница на Советот.

1. Предлог – Решение за престанок на мандат на член на Совет на Општина Крива Паланка;

2. Предлог – Решение за престанок на мандат на член на Совет на Општина Крива Паланка;

3. Предлог – Решение за верификација на мандат на член на Совет на Општина Крива Паланка;

4. Предлог – Решение за верификација на мандат на член на Совет на Општина Крива Паланка;

5. Предлог – Решение за избор на претседател на Совет на Општина Крива Паланка;

6. Предлог – Решение за разрешување член на  Комисија за меѓуопштинска и меѓународна соработка;

7. Предлог – Решение за именување на член на Комисијата за меѓуопштинска и меѓународна соработка;

8. Предлог – Решение за разрешување член на Комисијата за финансии и локален економски развој; и

9. Предлог – Решение за именување член на Комисијата за финансии и локален економски развој.

10. Предлог – Решение за разрешување член на Комисијата за јавни дејности;

11. Предлог – Решение за именување член на Комисијата за јавни дејности;

12. Предлог – Решение за разрешување на член на Комисија за комунални работи и сообраќај;

13. Предлог – Решение за именување на член на Комисијата за комунални работи и сообраќај;

14. Предлог – Одлука за дополнување на Програмата за  изработка на урбанистички планови и локална урбанистичка документација за Општина Крива Паланка за 2010 година;

15. Предлог – Одлука за одобрување на локална урбанистичка планска доклументација за к.п.бр. 2474 во КО Мождивњак – Општина Крива Паланка;

16. Предлог – Одлука за измена и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште на Општина Крива Паланка за 2011 година;и

17. Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката за распоредување на канти за собирање и изнесување на смет на редовните претплатници на сметка на претпријатието.
 
Совет на Општина Крива Паланка
Претседател,
Миле Милковски