Традиционална прослава на Бадник

Пoчитувани сограѓани,

Ве известуваме дека по повод големиот христијански празник Бадник, на централниот плоштад во Крива Паланка се организира традиционалниот начин на прославување на овој голем христијански празник, со осветување лепчиња со паричка, славска посна трпеза, топлa ракија и чај.

Како и години наназад, прославата  ќе се одржи на 6-ти јануари (сабота) 2018 г. во 15.00 часот и ќе биде во духот на традиционалниот начин на прославување и бадникарските обичаи.

Општина Крива Паланка Ве повикува  да дојдете  на плоштадот и заеднички да го прославиме овој убав ден во пресрет на Бадник и Христовото раѓање Божик.