Пријава за присуство на седница на Совет

Почитувани сограѓани,

На официјалната веб страна на Oпштина Крива Паланка www.krivapalanka.gov.mk  поставена е  форма преку која граѓаните ќе можат да се пријават за присуство на седница на Совет. При тоа ќе добијат повратна информација – прием за присуство,  а службите ќе ги известат сите кои ќе пројават ваков интерес, согласно тоа дали бројот е потполнет или не.

Напомена: Ве молиме оставете валидна е-маил адреса каде што ќе добиете повратен одговор за потврда на присуството.