Соопштение за граѓаните – јавна трибина

Почитувани граѓани на општина  Крива Паланка,

Граѓанската асоцијација МОСТ – Скопје и Општина Крива Паланка Ве покануваат на јавна трибина на која што ќе се дискутира на одредени теми кои што ја засегаат Општина Крива Паланка и граѓаните кои живеат во истата:

1.    Реконструкција на веќе постоечките патишта во Општина Крива Паланка и изградба на нови патишта

2.    Решавање на проблемот со паркинг простор

3.    Гасификација на градот

4.    Регулација на корито на Дурачка Река

5.    Изградба на каскади на Крива Река

6.    Редовна контрола на ниво на загаденост на Крива Река

7.    Доизградба на колектор и пречистителна станица

8.    Довршување на водоводот на Станечка Река

9.    Изградба на градска капела

10.  Развој на транзитниот туризам-создавање услови

11.  Привлекување на инвеститори во општината

12.  Финансирање на спортот и традиционалните спортски манифестации

13.  Изградба на спортска сала и спортски терени за кошарка и одбојка

14.  Возобновување на 8-мо Октомвриска награда

 

Целта на оваа средба е да произлезат конструктивни дискусии и предлози до Општинската администрација за поефикасно и побрзо решавање на проблемите во  градот и селските населби во Општина Крива Паланка.

 

Оваа средба е во рамките на проектот Одговорна, кооперативна и транспарентна локална самоуправа кој ГА МОСТ  започна да го спроведува во месец март 2010 година. Проектот е финансиран преку програмата “ Civica mobilitas ” на Швајцарската развојна фондација.

 

Средбата ќе се одржи на ден 24 ноември (среда) во големата сала на Советот на општина Крива Паланка со почеток во 18.00 часот.

 

ВЕ ОЧЕКУВАМЕ!!!