Соопштение – Мислење по однос на Стратегија за интеграција на бегалци и странци 2017-2027

На барање на Владата на Република Македонија – Министерството за труд и социјална политика за давање на мислење по однос на Стратегија за интеграција на бегалци и странци 2017-2027 година, Општина Крива Паланка врз основа на детална и длабинска анализа на стратегијата даде негативно мислење поради повеќе аспекти :
-Република Македонија не треба да прерасне од транзитна земја во земја во која трајно ќе се сместат имигранти од кризните земји (Сирија, Сомалија и Авганистан ).
-Државата непотребно финансиски ќе се оптерети и негативно ќе се одрази на така нискиот стандард на грѓаните.
-Финансиските средства предвидени во оваа стратегија да се искористат за помош на сопствените граѓани ( раселени лица, социјални случаи, хендикепирани лица, и слично ) .
-Со населување на овие лица трајно би се нарушила демогафската слика на Република Македонија со негативни последици по државните интереси.
– Општина Крива Паланка нема ниту просторни, матријални, ниту човечки ресури за спроведување на оваа за нас негативна стратегија.
Имајќи ги во предвид гореспоменатите забелешки мислиме дека оваа стратегија во овој момент не и е потребна на Републка Македонија, не и е потребна на Општина Крива Паланка, додека пак нашата држава треба да го задржи статусот на транзитна земја, односно да помага за безбеден проток на бегалци, а не и да биде земја за трајно населување на истите.