Веб алатка „Моја Општина“ за дефинирање на приоритетите од социјалната сфера

20-moja-opstinaСо цел за подобро информирање на граѓаните за програмата Општинско-корисна работа, создаден е порталот www.moja-opstina.mk. На овој портал сите граѓани ќе можат да ги изберат приоритетните услуги од социјалната сфера, кои сметаат дека се најпотребни за општината. На овој начин се врши прибирање на мислења според кои на крајот ќе се видат најважните приоритети. Апликацијата нуди можност за повеќе јазици и е само-објаснувачка т.е движењето низ неа е лесно. Со самото пополнување на прашалникот и ние како Општина ќе имаме увид за тоа кои се најприоритетни услуги од социјалната сфера. Веб апликацијата „Моја Општина“ им овозможува на граѓаните да се произнесат кои од наведените 12 приоритети во апликацијата е најважен.