Претставување на дупничкиот театар „Невена Коканова“

На 19.09.2010, своја претставување имаше Општинскиот драмски театар Невена Коканова од општина Дупница, Република Бугарија со претставата ВЕЧЕРА ЗА ГЛУПАЦИ на Франсис Вебер, а во режија на младиот режисер Јонко Цонев. Ѕвезда на вечерта беше прославениот бугарски актер Христо Грбов, кој со одличната перформанса, на него својствен начин, до солзи ја насмеа домашната публика. 

 

Полната сала покажа дека театарската публика во Крива Паланка полека созрева со секоја нова претстава и дека публиката полека се враќа во досега празната сала.

 
     
     

Меѓународниот фестивал ќе продолжи на 20.09.2010 година со Народниот театар СТЕРИЈА од Вршац, Република Србија со претставата ЕМИГРАНТИ на Славомир Мрожек, во режија на Мирослав Бенка.