Премиера на претставата „Бледица“

На 18.09.2010, своја премиера пред кривопаланечката публика имаше младиот режисер  Глигор Цветковски со претставата БЛЕДИЦА на Васе Манчев, во рамките на вториот Меѓународен театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“.Младите актери покажаа дека во ништо не заостануваат со талентот во однос на колегите од професионалните театри и со својата перформанса ги надминаа сите очекувања.

     

Драмското студио при Националната Установа – Центар за култура од Крива Паланка веќе втора година по ред има успешен настап пред своите сограѓани, со што се наметнува и потребата од подигање на нивото на театарската уметност со институционализација на театарот во општината.

Големина на фонт
Контраст