Проектот „Мојата мала Европа“ се имплементира во ООУ „Јоаким Крчовски“

Проектот Мојата мала Европа ќе обезбеди можност за културна интеграција, ќе ја поттикне страста за знаење и учење за познатите личности, ќе ја развие способноста за тимска работа и ќе го развие знаењето за комуникациски технологии. Проектот ќе резултира во донесување заклучоци/препораки за тоа како да се работи со учениците кои ќе бидат развиени врз база на истражување и обсервации. Алатките што ќе ги користат наставниците да ги оценуваат учениците ќе се развиваат врз база на принципите на невродидактика.

Проектот е составен од две фази.

Во првата фаза децата и тинејџерите ќе треба да направат презентација (албум, книга, видео, компјутерска презентација) за некој херој кој тие го запознале на часот по мајчин јазик (херој од литературата), на часот по историја (национален или регионален херој), на часот по географија (национален истражувач) или на часот по физичко (спортист). Хероите – националните претставници – ќе бидат избрани во самите училишта со внатре училишно гласање. Информациите за националните / регионалните херои ќе бидат разменети како дел од проектот. Учениците ќе испраќаат пораки кои содржат информации за нивните национални херои со користење на напредна комуникациска технологија. Ова ќе резултира во запознавање на другите европски земји преку презентација на нивните индивидуални национални херои. Ваквиот пристап кон предавањето/учењето е многу поефикасен според невродидактичарите. Децата учат за историјата на една земја со запознавање на херојот- тие се идентификуваат себе си со херојот и ги запомнуваат информациите за истиот побрзо и поефикасно. Учениците ќе ги разменат своите презентации преку имејл, скаип и социјалните медиуми, учејќи како да ги користат комуникациските технологии.

Во првата година од проектот ќе се забележи вклученоста на наставниците. Прашалници ќе се изготват за да се запознаат со начинот на кој учениците сакаат да учат повеќе, нивните дневни рутини, колку време тие му посветуваат на учењето и во која ситузција тие најлесно учат. Материјалите за истражување за наставниците ќе се состојат од видеа снимани од учениците покажувајќи еден свој обичен ден. Навиките на децата ќе се следат за да се види во кои услови и кога тие учат. Секое партнерско училиште ќе ги собира информациите кои ќе бидат искористени за составување на еден релевантен извештај. Главниот фокус во вториот дел од проектот ќе биде врз анализата на резултатите и подготвување на препораки кои ќе се имплементираат во училиштето. Препораките ќе бидат дадени строго според принципите на невродидактиката. Главната цел и препорака на невродидактиката е предавање кое не е оптоварувачко за мозокот, употреба на когнитивната љубопитност кај учениците и моќта на умот како и комбинирање на когнитивното знаење со емоциите, дозволувајќи им на учениците да претпоставуваат и слободно да бараат решенија кои не се ограничени на вербалната комуникација и да си го олеснат собирањето на поединечни информации во една кохерентна целина.

Најосновниот елемент и предуслов за успех е можноста да се искористи когнитивната љубопитност на учениците.

Еднакво важно е да се обезбеди сигурна и пријателска средина.

За да се пренесат принципите на невродидактиката во училиштата треба да се разберат навиките на учениците. Врз основа на тоа партнерските училишта ќе можат да развијат посебни препораки за да се олесни процесот на учење.

Во текот на втората година од проектот, децата од сите партнерски училишта ќе направат книга (албум) кој ќе содржи фотографии и описи на хероите (истакнати личност) од нивната непосредна околина (семејство, пријатели). Ова ќе ги натера да разберат дека хероите се меѓу нив. Најдобрите книги од сите училишта ќе бидат издадени заедно. Другите изработки ќе бидат изложени.

Проектот ќе ги активира и наставници те (во потрага по ефикасни решенија да се подобрат условите за предавање и учење) и учениците кои ќе научат за европските земји преку креативни активности.

Проектот е финансиран од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност преку Програмата Еразмус+.

na-logo-h_en copy-of-eu-flag-erasmus-_vect_pos