„Господин пратеник“ на осмата фестивалска вечер на Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“

Студиото „Призор“ од Белград, Република Србија, беше гостин на осмата фестивалска вечер на Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“ со изведба на претствата „Господин пратеник“.

Текстот и режијата на претставата се на Раде Вукотиќ, а настапија актерите Марко Живиќ, Катерина Марковиќ, Сташа Радуловиќ, Саша Јоксимовиќ и Бојана Грабовац.