Градоначалникот, како член на Настојателството и член на Управниот одбор на ликовната колонија, со особен интерес и емоции ги сослуша пофалните зборови за колонијата и воопшто, одушевувањето на учесниците од убавините на манастирот и прекрасната природа, гостопримливоста и љубезноста на домаќините и луѓето. Како што истакнаа и самите, колонијата ги надминува нивните очекувања во секој поглед и оттука ќе заминат со прекрасни впечатоци и искрена желба што поскоро пак да се вратат.
Градоначалникот Арсенчо Алексовски на крајот им посака успешна работа на учесниците и го потенцира нивниот особен придонес во развојот на ликовната култура и творештво како и своевидната амбасадорска улога што нивниот труд и дела ги носат низ светот.