Меѓународен театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“

На 14 септември (среда) со кревање на фестивалското знаме ќе започне осмиот Меѓународен театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“.

И оваа година  се очекуваат повеќе интересни претстави и атрактивни актери од Македонија, Србија, Бугарија и БиХ  да го привлечат вниманието на кривопаланечката публика, која со нетрпение го очекува новото фестивалско издание.

Лауреат на овогодинешниот фестивал е познатата македонска актерка и директорка на театарот „Комедија“, г-ѓа Јелена Жугиќ.

Програма на Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“ 2016

plakat_teatar2016

Големина на фонт
Контраст