„Баскерфест 2016“ во Крива Паланка

На 25.06.2016 година (сабота) на градскиот плоштад во Крива Паланка се одржи фестивалот од отворен тип „БАСКЕРФЕСТ 2016“ како дел од десетдневната турнеја на овој мултикултурен перформанс низ повеќе градови на Македонија.

По четврти пат граѓаните на Крива Паланка имаа  можност да ги проследат неверојатните и единствени атракции под отворено небо на повеќе интернационални артисти, жонглери, магионичари, илузионисти, пантомимичарии танчери.

Фестивалот е дел од летната културна програма на Крива Паланка која започна со книжевен настан во организација на Центарот за култура, а ќе продолжи со „Кривопаланечко културно лето“ кое вклучува бројни изложби, промоции на книги и концерти, меѓу кои „Осоговска староградска вечер“ која ќе се одржи на 8 јули на плоштадот „Карпошово востание“.

[embpicasa id=”6300809108715281729″]

Големина на фонт
Контраст