Учениците од с.Нерав и с.Огут ја посетија Општината

Ученици од ПОУ „Јоаким Крчовски“ од с.Нерав и с.Огут ја посетија Општина Крива Паланка каде се запознаа со работата на Градоначалникот и општинската администрација. Посетата е во рамките на планираните активности кои се во согласност со наставните содржини кои предвидуваат запознавање на учениците со работата на општината, нејзината организација и функционирање.
За време на посетата учениците се запознаа со работата и тековните активности на Градоначалникот, а потоа продолжија во обиколка на одделенијата во кои работи општинската администрација и се запознаа со нивните надлежности во остварување и испорачување на јавните услуги кон граѓаните.