Учениците од ООУ „Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка со забележителен резултат на државниот натпревар на оркестри

На 07.05.2016, на Државниот натпревар на оркестри кој се одржа во Кавадарци, во I категорија, училишниот оркестар на ООУ „Јоаким Крчовски“ кој брои 54 ученици го освои второто место. Оркестарот настапи со изведбите на задолжителната композиција „Мала предигра“ од Јосип Лулич и Варијации на руска народна песна „Јас на каменче седам” во аранжман на Лариса Жулина-Митовски.

Раководител и диригент на оркестарот е професорката по музичко образование Лариса Жулина-Митовски. Под нејзино водство, победите и успешните настапи на музичкиот колектив на многу натпреварувања години наназад, стануваат традиција за  училиштето.

DSC_4356.. DSC_4342..

Големина на фонт
Контраст