„ГОЦЕ ФЕСТ 2016“ по четврти пат во Крива Паланка

k3_goce_festПо четврти пат, Крива Паланка беше домаќин на една фестивалска вечер од „Гоце Фест 2016“. Кривопаланчани имаа можност да уживаат во рефрените на новокомпонираните патриотски и родољубиви песни изведени од бројни еминентни музички имиња меѓу кои Блага Петревска, Атина Апостолова, Ванчо Тарабунов и други…
Традиционално и годинава сцената на НУ Центар за култура во Крива Паланка беше место каде публиката уживаше во рефрените на новокомпонираните родољубиви и патриотски песни во рамки на втората фестивалска вечер на „Гоце Фест 2016.“
Фестивалот е под покровителсто на Локалната самоуправа на градот, а влезот беше слободен.
„Посебна чест е да се има една фестивалска вечер од реномираниот фестивал „Гоце Фест“ во градот. Ова е четврта година како една фестивалска вечер се одржува во нашиот град.“ – рече градоначалникот Арсенчо Алексовски.
Манифестацијата во чест на датумот на раѓање на големиот револуционер, хуманист и просветител Делчев, годинава го има своето 27-мо издание. Првата фестивалска вечер се одржа во Радовиш, на 4-ти февруари, додека финалната вечер ќе се одржи на 19-ти февруари во Домот на АРМ во Скопје.
„Задоволство ни е да настапиме пред кривопаланечката публика. Освен еминентните и афирмирани музички имиња, простор им даваме и на младите изведувачи што е потврда за натамошниот опстанок на овој фестивал.“ – рече директорот на „Гоце Фест“ Пеце Здравковски.
Прекрасна атмосфера и фестивалска енергија ја исполнија преполната сала, на задоволство на публиката, како и на изведувачите меѓу кои и Блага Петреска, Атина Апостолова, Виданка Ѓеоргиевска, Ванчо Тарабунов, Нацка Славкова, Кате и група Сонатa…

12647117_1015463181856949_6597920796747702758_n 12642703_1015463121856955_1545936755887693053_n

Големина на фонт
Контраст