Фестивал на нови родољубиви и патриотски песни „Гоце Фест“ 2016

Во петок на 5 февруари 2016 година во НУ Центарот за култура во Крива Паланка со почеток во 19 часот ќе се одржи фестивалот ГОЦЕ ФЕСТ. Фестивалот ќе биде посветен на нови родољубиви и патриотски песни со фолклорна мелоритмика и богато историско минато на македонскиот народ. Учество на фестивалот ќе имаат врвни македонски музички имиња од фолк сцената. За сите посетители на овој настан влезот ќе биде слободен.
Покровител на фестивалот ГОЦЕ ФЕСТ е Општина Крива Паланка.

Goce_Fest2016

Големина на фонт
Контраст