Театарот од „Херцег Нови“ за првпат на Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“

Народниот театар од Херцег Нови, Република Црна Гора, синоќа настапи на седмиот Меѓународен театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“. Гостите од Црна Гора, кои за првпат учествуваат на оваа кривопаланечка културна манифестација, ја изведоа претставата „Не сме ние од вчера“, во која на сатиричен начин се прикажуваат евроатланските аспирации на земјите од Балканот и перцепцијата на обичните луѓе за Европската Унија.

Во претставата настапија Даниел Прашчевиќ, кој се јавува и како сценарист и режисер, Бојан Каљевиќ и Зоран Мириќ. Публиката ги награди со бројни аплаузи сатиричните реплики, актерската игра и карактеристичниот говор на гостите од  Црна Гора.

Вечерва, на репертоарот е претставата „Лаги и паралаги“, во изведба на Народниот театар „Стерија “ од Вршац, Република Србија.