Продолжува манифестацијата Топол културен бран

На ден 23.07.2010 во просториите на НУЦК-Крива Паланка, беше отворена изложбата на Александар Ѓорѓиев со факсимили и фотографии објавени во книгата Никола Карев(1877-1905), а насловена како,,Патешествија низ документи“.

Реч за изданието одржа г-дин.Никола Јовановски и Проф.д-р Зоран Тодоровски.

На ден 24.07.2010 год. во  прекрасен амбиент на Осоговскиот манастир посетителите на Паланечко културно лето го имаа тоа задоволство да ја проследат брилијатната театарска претстава со Петар Темелковски (монодрама), насловена како ,,Децата на сонцето“-Монолошки спев инспириран од посланијата на Апостол Павле до солуњаните.

 

Во рамките на манифестацијата  Паланечко културно лето, на ден 25.07.2010 г. посетителите го проследија концертот на кумановската етно група ,,Тоска“-НУЦК-Трајко Прокопиев.

 

Големина на фонт
Контраст