18-та седница на Советот на општина Крива Паланка

Врз основа на член 35 од Деловникот на Советот на општина Крива Паланка („Службен гласник на општина Крива Паланка“ бр. 5/08), претседателот на Советот на општина Крива Паланка  с в и к у в а   18-та седница на Советот на општина Крива Паланка за 28.06.2010 година (понеделник) во 14 часот.

    Седницата ќе се одржи со следниот

Д н е в е н   р е д

    – Усвојување на Записници од 16-та и 17-та седница на Совет.

    1. Презентација на граѓанаската асоцијација „Мост“ на проектот „Одговорна транспарентна и кооперативна локална самоуправа“;
    2. Предлог – Одлука за приоритет на проект за „Рехабилитација и подобрување на локалните патишта на подрачјето на општина Крива Паланка;
    3. Предлог – Решение за именување на членови на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајаот на патиштата во општина Крива Паланка;
    4. Предлог – Одлука за формирање Штаб за заштита и спасување на општина Крилва Паланка;
    5. Предлог – Одлука за именување Командант, Началник и членови на Штабот за заштита и спасување на општина Крива Паланка;
    6. Предлог – Одлука за формирање универзална единица за заштита и спасување на општина Крива Паланка;
    7. Предлог – Одлука за поставување команда и Командир на Просторната универзална единица за заштита и спасување;
    8. Предлог – Одлука за давање поддршка за продолжување на Договорот за закуп на земјиште на Планинарскиот спортски клуб „Руен“ – Крива Паланка;
    9. Советнички прашања.
 

                                    СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
                             Претседател,
                              Миле Милковски,с.р.