Џип рели ,,Калин Камен“ 2010

Во чест  на словенските просветители Св. Кирил и Методиј, општина Крива Паланка и Здружението на граѓани „АВТО МОТО КЛУБ ОФ РОУД ОСОГОВО“ ,  на 24.05.2010 година, по вторпат ќе го организира ревијалното Џип рели ,,Калин Камен“ под мотото ,,Да се запознаат убавините на осогоговските планини“ за кое имаме намери да биде традиционално и со меѓународен карактер.
Патеката (трасата) по која се одвива џип релито е во должина од 64 км.

.
Започнува од Крива Паланка, Мождивњак, Кучешки Преслап, Костадиница,  Царев Врв (2085 м.) на Осоговските Планини па се до манастирот „Св.Јоаким Осоговски“ каде градоначалникот г-дин. Арсенчо Алексовски организира свечен ручек за учесниците.

Ревијалното џип рели засега има меѓуопштински карактер  со учесници од општините кои гравитираат кон Осоговските Планини.

Поканата е отворена до сите заинтересирани, а пријавувањето е во тек.


 

АГЕНДА ЗА ЏИП РЕЛИ „КАЛИН КАМЕН“2010

24. 05. 2010 г.  Понеделник

07.00 – 08.30  Дочек и пријавување на учесниците на плоштадот во Крива Паланка.
Пријавување на учесниците
Поделба на стартни бриеви
Потпишување на кодекс на однесување
Поделба на рекламен материјал и карта со обележаната траса

08.30  
            Старт (по стартни броеви)

08.30-10.00    Караванско возење

10.00-11.00    Доручек (ладен сенвич и сок) и приклучок на екипите од Кратово, Ранковце и Пробиштип

11.00-12.00 
   Караванско возење

12.00-13.30    Средба со учесниците од соседните општини (Кочани и Македонска Каменица) – дружење на Царев Врв

13.30-14.00    Караванско возење

14.00-15.00    Пауза покрај езертото

15.00-16.00    Караванско возење

16.00-16.30    Дефиле низ градот

16.30-17.00  
Прогласување на нај екипа и нај џип

17.00              Ручек во манастирот ,,Св.Јоаким Осоговски“

ВЕ МОЛИМЕ ВАШЕТО ПРИСАСТВО ДА ГО ПОТВРДИТЕ НАЈДОЦНА ДО 21.05.2010 г.

Телефони на кои можете да се пријавите:
031 372 130
071 206 209
075 207 107
070 258 325

Големина на фонт
Контраст