Посета на ученици од ОУ Илинден ПУ с.Мождивњак

Ученици од второ и четврто одделение од ОУ Илинден  ПУ с. Мождивњак ја посетија Општината каде се запознаа со работата на градоначалникот и општинската администрација.

Учениците од блиску ги разгледаа кабинетот на Градоначалникот, просториите каде се одржауваат седниците на Советот како и  работните простории на општинската администрација. Посетата е во рамките на планираните активности кои се во согласност со наставните содржини кои предвидуваат запознавање на учениците со поимот општина, нејзината организација и функционирање.