Доделен паричен надоместок за првите новороденчиња во 2015 година во општина Крива Паланка

Врз основа на Одлуката на Советот на општина Крива Паланка за доделување на еднократен паричен надоместок, во износ од 6.000 денари, за прво новороденче од општина Крива Паланка кое е родено на територтија на општина Крива Паланка и за прво новороденче кое е родено надвор од територијата на општина Крива Паланка , а чии родители се со постојано живеалиште во општината, градоначалникот на Општина Крива Паланка, г.Арсенчо Алексовски, донесе решение со кое се одобрува исплата на парични средства од 12.000 денари на две новороденчиња во 2015 година.

Градоначалникот Алексовски по разгледување на барањата и приложената документација им го додели паричниот надоместок на новороденчињата на Арифовска Розита и Ивица Николов, кои се први новороденчиња во 2015 година во општина Крива Паланка.

Големина на фонт
Контраст