Донација на книги за Градски Музеј

Државниот архив на Република Македонија деновиве на Л.У Градски Музеј – Крива Паланка му додели донација од книги, изданија на архивот.
Станува збор за вредни примероци на архивски изданија со бројни архивски документи и материјали кои што сведочат за историјата и борбата на македонскиот народ за слобода и своја држава. Најголем дел од архивската граѓа во изданијата се однесува на револуционерната борба на македонците од крајот на 19 и почетокот на 20 век:

 – Ние како новоформирана установа успеавме да воспоставиме добра соработка со нашата назначајна институција, Државниот архив. Од нив добивме значајна донација од книги, изданаија на архивот кои што изобилуваат со документи и материјали податоци за револуционерната борба во Македонија, вклушително и во Кривопаланечко. Имајќи предвид дека овој период од нашата историја локално во Крива Паланка воопшто не е истражуван, се надевам дека со ова ќе предизвикаме интерес кај младите историчати и итражувачи да се посветат на истражувањата на процесите и промените кои што ги предизвикал токму овој историски период“- вели Драган Величковски – раководител на музејот.

Големина на фонт
Контраст