Бесплатни курсеви по информатика

Општина Крива Паланка во соработка со Владата на Република Македонија  и Министерството за образование и наука  организира бесплатни курсеви за возрасни од областа на информатика. Курсот вклучува:

• Работа со компјутери
• Windows
• Мултимедија
• Интернет

Часовите ќе започнат од 01.03.2010 година во кабинетите по информатика во ОУ Илинден ОУ Јоаким Крчовски и СОУ Ѓорче Петров .

Сите заинтересирани  можат да се пријават во просториите на општинската зграда кај Јасминка Ангеловска или на тел.031/372-130 и 070-607-543.

ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
         Градоначалник
Дипл.прав. Арсенчо Алексовски

Големина на фонт
Контраст