Директорот на Јавното претпријатие за патишта ја посети Крива Паланка

Директорот на Јавното претпријатие за патишта, Владо Мисајловски, вчера оствари работна посета на Крива Паланка и изврши увид на терен на големото свлечиште на локалниот пат Крива Паланка – село Дурачка Река. Овој локален пат беше изграден пред неколку години, а со свлечиштето во овој дел е речиси нефункционален.

-Денес дојдовме на терен да ги видиме и слушнеме проблемите кои ги имаат граѓаните на Крива Паланка, пред се поради свлечиштето на овој локален пат. Разговаравме какви опции и можности има да се надмине овој проблем кој веќе е пријавен до министерството за финансии како последица од поплавите. Се надевам експертите многу скоро ќе проценат колку средства ќе бидат потребни и со која динамика ќе ги  решаваме овие проблеми – изјави Мисајловски.

Градоначалникот Алексовски истакна дека ова свлечиште  претставува голем проблем,  поради што и директорот изврши увид на терен. Тој додаде дека на средбата е договорено да се изнајдат средства за санација, а е разговарано и за останати проекти кои општината планира да ги реалзиаира во иднина преку Јавното претпријатие за македонски патишта.

Мисајловски ја истакна одличната соработка со градоначалникот Алексовски и упати благодарност за поддршката која тој има ја дава за реализација на владините проекти.

-Ние сме во фаза на проектирање на нов експресен пат од Ранковце до Крива Паланка и до Крива Паланка до граничнито премин Деве Баир. Станува збор за целосна реконструкција и рехабилитација на таа делница, а исто така и сме во фаза на проектирање на патот од рудникот Тораница до рудникот Саса во Макеоднска Каменица. Очекувам во нареднито период проектите да бидат изготвени и да се изнајдат средства за финансирање на истите – потенцира Мисајловски.

Тој додаде дека се во преговори со Светската банка за одобрување средства за овие патишта со што веќе следната година се очекува истите офанзивно да бидат изградени и додаде дека особено важна е соработката со градоначалниците и локалната самоуправа за забрзана реализација на сите проекти кои им ги имаат ветено на граѓаните.