ПИВТИЈАДА 2010

Во организација на Општината, на ден 18.01.2010 г. се одржа манифестацијата  „Пивтијада“ на големо задоволство на сите присатни граѓани.  На манифестацијата триесетина учесници се претставија со своите кулинарски способности во подготовка на пивтии.

Комисијата донесе одлука наградите да им припадната на:

Прва награда    –    Весна Ќ Величковска

Втора награда   –    Драги Николовски

Трета награда   –    Благица Филиповиќ

На сите учесници на манифестацијата Градоначалникот Арсенчо Алексовски ќе им врачи пофалници.