Новогодишна еколошка елка во ООУ „Илинден“

Холот на Општинското основно училиште „Илинден“ од Крива Паланка го краси новогодишна елка изработена  од 2000 пластични кест и хартија за декорација. Конструкцијата на елката е направена од дрвени летви која е висока 4 метри, а пречникот е 2 метри.  Идејата за да се направи еколошка елка беше на доста креативните наставници Елена Таскова наставник по англиски јазик и Добри Јовевски одделенски наставник.

[embpicasa id=”6096785699647548385″]

Во изработката на елката се вклучија учениците од одделенска настава од четврто и петто одделение и учениците од седмо одделение. Подршка секако дека имаше и од останатите наставници во училиштето. При изработката на елаката наставниците направија корелација со повеќе предмети од кои би ги издвоиле математика каде во дрвената конструкција учениците ги препознаваа и именуваа правите и аглите, по природа зборуваа за здрава животна средина и англиски јазик учениците кажуваа новогодишни термини. Но основната цел беше  училиштето да се  промовира како Еко училиште и во 2015 година да се закити со Зелено Еко знаме.

Големина на фонт
Контраст