Каратистите од КК „Шампион“ на прием кај градоначалникот Алексовски

Денеска градоначалникот на општина Крива Паланка, г.Арсенчо Алексовски, организираше прием за каратистите од КК „Шампион“ од Крива Паланка по повод освојувањето на бронзената медалја од страна на натпреварувачката Марија Спасевска на Балканското првенство во Софија, Република Бугарија.

 

Градоначалникот Алексовскии им го честиташе успехот на Марија Спасевска и на останатите каратисти  како и на тренерите Стевче Христовски и Жарко Ангеловски и им посака успешни настапи во иднина и многу освоени медалји.

Големина на фонт
Контраст