Мето Јовановски – лауреат на шестиот Меѓународен театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“

Еден од најпознатите македонскиот актери  Мето Јовановски  е годинешен лауреат на  шестиот  Меѓународен театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“, кој започна во недела  на 14 септември во Центарот за култура во Крива Паланка.


За особен придонес во македонската театарска уметност и култура, градоначалникот Арсенчо Алексовски на Јовановски  му ја врачи плакетата на Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“.

За творештво на овогодинешниот лауреат говореше театарскиот критичар Гоце Ристовски кој истакна дека Јовановски е актер со маркантно присуство и на телевизија и во театарот, носител на повеќе од 30 меѓународни награди и признанија.

Организацискиот одбор на фестивалот секоја година доделува награда за особен придонес во македонската театарска уметност и култура, а досегашни лауреати се  Милица Стојанова, Зафир Хаџиманов, Петар Темелковски, Шенка Колозова и Страшко Милошевски.

Големина на фонт
Контраст