Крива Паланка доби нов плоштад и административно-деловен објект

Вчера во Крива Паланка беа пуштени во употреба новоизградениот плоштад „Карпошово востание“ и нов административен објект на локалната самоуправа.

[embpicasa id=”6051552370657959073″]

Обраќање на градоначалникот Алексовски

Плоштадот е изграден со средства во висина од околу 18 милиони денари,  обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, во рамки на проектот  „Изградба на плоштад со партерно уредување“.

– Патишта, водоводи и канализациони системи градиме и ќе градиме постојано, но плоштад и нова општинска зграда се градат еднаш во 50 или 100 години, изјави градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.

Според Алексовски,  изградбата на плоштадот ја промени личната карта на општината.  – Опфати уредување на јавниот простор пред постојната општинска зграда, поставени се клупи за одмор и рекреација, има декоративни фонтани и фонтани со  вода за пиење. Обновени се постаментите на спомениците кои се интегрирани во просторот, поставено е канделабриско и подно осветлување, изграден е мал амфитеатар, а централниот дел на плоштадот е украсен со апликации со симболот „Сонце од Вергина“. Проектот го изработија кривопаланечките архитекти Стевче Ристовски и Иван Велиновски, рече Алексовски.

За оформување на целокупниот изглед на новиот уреден простор беа обновени фасадите на соседната колективна стамбена зграда, на старата зграда на локалната самуправа на општината и на новиот деловно-административен објект каде ќе се смести дел од администрацијата во општината.

– Новиот деловно-административен објект е изграден со јавно-приватно партнерство на Општината и фирмата „Мијоли“. Од 150 метри квадратни руиниран простор добивме 500 метри квадратни канцелариски простории по принципот клуч на врата, без да вложиме средства, додека приватниот инвеститор доби 550 метри квадратни деловен простор, појасни Алексовски.

Во претстојниот период,  најави, преостанува општината од сопствениот буџет да инвестира во опремување на просториите со канцелариски мебел.

Големина на фонт
Контраст