Се одржа трилатералната средба „Краиште 2014“

Во кривопаланечкото село Голема Црцорија, на месноста Голеш, на тримеѓето помеѓу Македонија, Србија и Бугарија  се одржа јубилејната 10. трилатерална меѓународна средба „Краиште 2014“.


Традиционално средбата се одржува на големиот христијански празник Петровден, во организација на општините Крива Паланка, Босилеград и Ќустендил.

На средбата присуствуваа градоначалникот на општина Крива Паланка Арсенчо Алексовски, градоначалникот на општина Босилеград Владимир Захариев, претставник на општина Ќустендил,  како и голем број жители на овие градови, локално население и иселеници кои потекнуваат од овие краишта.

Средбата секоја година е збогатена со настапите на голем број фолклорни ансамбли и културно уметнички друштва од трите општини кои ги презентираат богатата традиција, фолклорот и културата на овие погранични региони преку сплетот на народните игри и ора.

Жителите на Крива Паланка, Ќустендил и Босилеград на овој ден можат да ја минуваат државната граница само со лични карти или патни исправи од 8 до 20 часот.



Големина на фонт
Контраст